Полските медиуми откриваат дека нивниот судија Шимон Марчињак ќе застане на центарот на финалето на Светското првенство.
Полјакот е познат по тоа што сака цврста игра. Тој нема покажано црвен картон цела тековна сезона, а важи за еден од судиите со најголемо искуство кои беа дел од Мундијалот.
Аргентина и Франција ќе се соочат во мечот за титула в недела на „Лусаил Иконик“ во Лусаил.