Дајот Упамекано и Адриен Рабио се вратија на тренинзите на француската репрезентација и се очекува да бидат подготвени за финалниот натпревар на Светското првенство против Аргентина.
Двајцата го пропуштија дуелот против Мароко во полуфиналето, а финалето е закажано за в недела од 16 часот.
Коман, кој е соиграч на Упамекано во Баерн, според француските медиуми, денеска останал во хотелот поради вирусот.
Ден по натпреварот, француските репрезентативци имаа полесен тренинг, кој вклучуваше трчање и истегнување.