четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Казнети 136 возачи за пребрзо возење на територија на СВР Битола

Казнети 136 возачи за пребрзо возење на територија на СВР Битола

Вчера (15.12.2022) во времето од 14 до 18 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 136 возачи.

Од нив 82 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 54 надвор од населено место.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.