Вчера полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.К.(37) и З.Ј.(34) од Кавадарци. М.К. се сомничи дека ноќта помеѓу 13.12.2022 и 14.12.2022 извршил тешка кражба во продажен објект во Кавадарци, при што одзел повеќе предмети, кои потоа ги продал на З.Ј..
Исто така, во текот на вчерашниот ден лицето М.К. се обидел да изврши кражба во ветеринарна амбуланта во Кавадарци.
Лицата биле задржани во полициска станица, а дел од одземените предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случаите, ќе следи соодветна пријава.