петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

НИТУ СНЕГ, НИТУ ДОЖД – еве што најавува УХМР за викендот, особено во делот на температурата!

НИТУ СНЕГ, НИТУ ДОЖД – еве што најавува УХМР за викендот, особено во делот на температурата!

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб јужен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта умерен до засилен северен ветер.

Во недела времето ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува.

Во понеделник времето ќе биде променливо облачно, попладне со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Во вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Најнови вести