Тренер на македонскиот кошаркарски шампион Александар Петровиќ има причина за загриженост по новото слабо издание на МЗТ Скопје и убедливиот пораз на гостувањето против Задар.
На кормиларот на „металците“ на прес-конференцијата по мечот не му преостана ништо друго освен да му честита на поквалитетниот противник.