сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Синиша Михајловиќ ќе биде погребан во понеделник

Синиша Михајловиќ ќе биде погребан во понеделник

Познатиот српски фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ ќе биде погребан во понеделник во Рим, одлучи семејството.

Семејството на Синиша Михајловиќ се огласи со кратко соопштение по повод смртта на поранешниот репрезентативец на СР Југославија и фудбалер на Црвена звезда, Рома, Сампдорија, Лацио и Интер.

– Сопругата Аријана со децата Викторија, Вирџинија, Мирослав, Душан и Николас, внукот Виолант, мајката Викторија и братот Дражен со голема болка ја објавуваат неправедната и прерана смрт на примерниот сопруг, татко, син и брат. Храбро се бореше против страшната болест. Благодарни сме на лекарите и медицинските сестри кои со години се грижеа за него со љубов и почит. Синиша секогаш ќе остане со нас. Живееме со сета љубов што ни ја даде, стои во објавата на семејството.

Синиша Михајловиќ почина на 53-годишна возраст во Рим од леукемија, со која се бореше последните три и пол години.