сабота, 2. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Кина: Средбата Путин-Трамп позитивно ќе влијае на глобално ниво

Кина: Средбата Путин-Трамп позитивно ќе влијае на глобално ниво

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунинг изјави дека Кина позитивно ја оценува вчерашната средба помеѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп.

– Големо внимание му посветивме на тој настан. Кина ја поздравува средбата помеѓу Путин и Трамп – лидери на две држави кој имаат големо влијание врз целиот свет. Се надеваме дека таквиот политички дијалог позитивно ќе се одрази на мирот и развојот на глобално ниво, посочи Хуа.

Таа додаде дека дури е можно и понатамошно приближување на ставовите меѓу Москва и Вашингтон, како и на успешно развивање на кинеско-руските пријателски врски.

МИА