Англискиот селектор Герет Саутгејт донел одлука дека ќе остане селектор на Англија и дека ќе го води европскиот вицепрвак и во квалификациите за Еуро 2024 во Германија, група во која е и Македонија, објавија англиски меидуми.
Саутгејт после елиминацијата во четвртфиналето на СП во Катар побара време за „да легнат работите и да размисли“, па медиумите најавуваа дека е многу поблизу да даде оставка, иако сите репрезентативци, јавноста, медиумите, а и во федерацијата сакаа да остане на кормилото колку што има договор до – континенталниот шампионат.
Сега според информации на медиумите на Островот, Саутгејт ја донел одлуката и наскоро ќе ги информира челниците дека не си заминува од кормилото.
Тој е селектор од 2016 година и под негова палка, Англија играше полуфинале на СП во Русија, а финале на последното ЕП ланското лето кога на „Вембли“ доживеаа Англичаните болен пораз на пенали од Италија.