сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси денес се бори и за влез во одбрано друштво на играчи со „тројна круна“

Меси денес се бори и за влез во одбрано друштво на играчи со „тројна круна“

Лионел Меси денеска ќе ја предводи Аргентина во финалето на СП во Катар, а против Франција ќе се обиде да ја обезбеди најпрестижната фудбалска титула за јужноамериканската земја, па и да испише уште по некој индивидуален рекорд.

Меси сигурно ќе стане фудбалер со најмногу настапи на СП, откако во моментов е израмнет со Лотар Матеус, но може да стане и само деветти играч кој освоил комбинација на три престижни индивидуални, односно тимски трофеи.

Досега само осум фудбалери ја добиле „Златната топка“, победиле во Лигата на шампионите и станале светски шампиони со својата репрезентација.

Во ова одбрано друштво се Франц Бекенбауер, Боби Чарлтон, Герд Милер, Паоло Роси, Зинедин Зидан, Ривалдо, Роналдињо и Кака.