недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Бура емоции, еве како Хрватите го славеа медалот во соблекувалната

ВИДЕО: Бура емоции, еве како Хрватите го славеа медалот во соблекувалната

Хрватската фудбалска репрезентација вчера го освои бронзениот медал на Светкото првенство во Катар.

Момците на Златко Далиќ славеа над Мароко со 2:1 и се запишаа во историјата како репрезентацијата која на шест настапи на Мундијалот, дома се враќаат со освоени три медали.

Првиот бронзен медал „коцкестите“ го освоија во 1998 година, додека во 2018 се запишаа како освојувачи на второто место на СП. Од Катар се враќаат во Хрватска со бронза.

По вчерашното доделување на медалите на теренот, момците славјето го продолжија во соблекувалната, а како изгледаше таму атмосферата погледнете во видеото.