понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Студено и ветровито време денеска, иако ќе има и сонце

Студено и ветровито време денеска, иако ќе има и сонце

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност и посвежо, на југоистокот пооблачно.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Од УХМР известуваат дека следува период на стабилно време со повеќе сончеви периоди и со пониски утрински температури.

Најнови вести