четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мароканец суспендиран на пет години

Мароканец суспендиран на пет години

Дисциплинската комисија на Африканската фудбалска конфедерација го суспендираше поранешниот марокански репрезентативец Мустафа Хаџи поради фалсификување на тренерската лиценца.

Во соопштението на CAF се вели дека на Хаџи му e забрането да се занимава со каква било спортска активност поврзана со фудбалот во следните пет години бидејќи ја фалсификувал својата тренерска А лиценца.

Хаџи играше за Мароко на Светските првенства во 1994 и 1998 година. За репрезентацијата настапи на 63 натпревари.

Од 2014 до 2022 година тој беше помошник на тројца марокански селектори, Баду Заки, Ерве Ренар и Вахид Халилхдожиќ, иако никогаш не ја положи А лиценцата. Тој беше разрешен од должноста во август годинава кога беше откриена неговата измама.