сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тим Кејхил се повлече од австралиската репрезентација

Тим Кејхил се повлече од австралиската репрезентација

Најдобриот стрелец во историјата на фудбалската репрезентација на Австралија, Тим Кејхил најави дека повеќе нема да настапува за националниот тим.

Кејхил досега има одиграно 107 натпревари за австралиската репрезентација и има постигнато 50 голови.

Тој воедно е рекордер во австралискиот фудбал според бројот на настапи на светските првенства. Со настапот во Русија досега има четири пати играно на мундијалите.

За австралиската репрезентација дебитираше на 25-годишна возраст во 2004 година.

МИА