недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Македонија меѓу членките со најмногу издвоени пари за НАТО

Македонија меѓу членките со најмногу издвоени пари за НАТО

Последните податоци што ги објави НАТО покажуваат дека со 1,85 отсто од бруто-домашниот производ, Македонија е на 12-то место на листата земји членки со процентуално најмногу издвоени средства за НАТО,

Македонија на листата е предпред Бугарија, Холандија, Норвешка, Унгарија, Италија, Германија, Канада, Турција и други.

Македонија се најде во горниот дел на листата на членките на НАТО со издвоени 274 милиони евра, односно 1,85 отсто од Бруто-домашниот производ.

Владата најави дека во 2024 година ќе се реализира преземената обврска издвојувањето за одбраната да достигне 2 проценти од БДП, колку што изнесува и целта на НАТО, утврдена уште во 2014 година.

Инаку на врвот на листата е Грција со 3,76 отсто од БДП, а зад неа се САД со 3,47 проценти, по што следува Полска со 2,42 отсто. Тие се единствените земји кои го надминале критериумот.

Пред Македонија е Франција со 1,9 проценти од БДП. Луксембург издвоил само 0,58 отсто од БДП.

Најнови вести