сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Мбапе 63 часа по финалето во Катар се врати на тренинг со ПСЖ

ВИДЕО: Мбапе 63 часа по финалето во Катар се врати на тренинг со ПСЖ

Фудбалското Светско првенство тукушто заврши, репрезентациите кои стигнаа до крајот добија одмор, меѓутоа тоа не важи и за Килиан Мбапе.

Ѕвездата на Франција неполни четири дена по големото финале и беспоштедната битка со Аргентина која траеше до пеналите, се врати на тренинзите во ПСЖ. Мбапе беше стрелец на хет-трик во 120 минути, за потоа да погоди и пенал, но на крајот не се радуваше. Иако веројатно како и сите останати тој доби време за рехабилитација и одмор, Мбапе се појави во Париз 63 часа по големото финале.

На Мундијалот, Мбапе заврши како „Златна копачка“, односно најдобар стрелец со осум гола на своето конто.