петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Ѓорѓиевски: После 30 години улицата ,,Славка Динкова” е реконструирана

Ѓорѓиевски: После 30 години улицата ,,Славка Динкова” е реконструирана

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, вечерва беше на увид на завршните работи од реконструкцијата на улицата ,,Славка Динкова” во Драчево.

Се работи за важна сообраќајница која не беше реконструирана повеќе од 30 години и беше неопходна за непречено извршување на секојдневните работи на речиси 30.000 жители кои ја користат. Покрај нов асфалт, улицата добива и ново лед осветлување, тротоари како и атмосферска канализација.

-Во наредните денови моите сограѓани конечно го добиваат она кое 30-тина години им беше ветувано.
Покрај новиот асфалт, овој проект опфаќа и нова атмосферска канализација со што деценискиот проблем станува минато, како и комплетно нови тротоари и лед осветлување. Времето на лажни ветувања и посети само за време на избори, заврши. Мојот народ сето ова го заслужува, бидејќи уредно и домаќински си плаќа даноци за да има услови за живеење. Ние сме заедно, сојузници во креирањето на новиот лик на нашата Кисела Вода и сплотени ќе направиме уште поголеми работи.За нас, нашите деца и идните генерации, за наша Кисела Вода. Продолжуваме! – напиша градоначалникот Ѓорѓиевски на фејсбук.