вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА го казни Кид за судирот со судиите по исклучувањето на Дончиќ

НБА го казни Кид за судирот со судиите по исклучувањето на Дончиќ

Тренерот на Далас Џејсон Кид, доби казна од НБА-лигата за вербалниот судир со судиите и исклучувањето на натпреварот против Минесота.

Кид не беше задоволен од судиските одлуки во текот на поголемиот дел од средбата, а го загуби трпението откако Лука Дончиќ беше исклучен поради втора техничка грешка.

Тренерот влета на теренот, имаше што да им каже на судиите, па и тој беше исклучен.Поради испадот, Кид ќе плати 25.000 долари. Медиумите побараа коментар од него за казната, а тој одговори „Веќе загубив 25.000 долари, не сакам да загубам уште повеќе, затоа што тоа ќе се случи ако кажам што мислам“.

Далас Маверикс го загуби гостувањето кај Минесота Тимбервулвс со 106-116.