понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Новицки, Паркер, Делибашиќ, Ивковиќ, Жеравица… номинирани за влез во Куќата на славните

Новицки, Паркер, Делибашиќ, Ивковиќ, Жеравица… номинирани за влез во Куќата на славните

Германскиот кошаркар Дирк Новицки, Французинот Тони Паркер, Шпанецот Пау Гасол се НБА-легендите од Европа номинирани за влез во Куќата на славните на кошарката во Спрингфилд (САД), а на списокот од балканските простори се Мирза Делибашиќ и тренерите Душан Ивковиќ и Ранко Жеравица.

Листата на играчи за 2023 година ја предводи Двејн Вејд, а номинирани, меѓу другите, се и Чонси Билапс и легендарниот тренер на Сан Антонио, Грег Попович.

Листата со финалисти треба да биде објавена на 17 февруари, за време на олстар-викендот во Солт Лејк Сити, а класата 2023 за влез во Куќата на славните (има повеќе од 100 кандидати во сите категории заедно) треба да биде објавена на 1 април, за време на финалето на натпреварот во НЦАА-лигата, во Хјустон.

Церемонијата на свечениот прием во Куќата на славните, пак, треба да се одржи во Спрингфилд, на 12 август в година.