сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Синот на Лепа Брена започна нов бизнис – ја напушти естрадата, потполно го смени личниот изглед и стана бизнисмен (ФОТО)

Синот на Лепа Брена започна нов бизнис – ја напушти естрадата, потполно го смени личниот изглед и стана бизнисмен (ФОТО)

Синот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Стефан, пред три години реши да се повлече од јавниот живот, иако неговата пејачка кариера беше во нагорна линија, па сега се посвети на нов бизнис.

Оваа одлука ја поддржаа и Брена и Боба, не обидувајќи се да го поколебаат во неговите намери. Како што рече Брена претходно, нема потреба таа да добива ништо друго освен огромна поддршка од нив.

– Ако сме способни да прифатиме туѓи одлуки, зошто не би ги прифатиле одлуките на нашите деца. Важно ми е нашите деца да се среќни, а што ќе направат е прашање на нивниот избор, кој јас и Боба секогаш го поддржуваме. Со Стефан се е во совршен ред, тој сега се занимава со друга работа. Не се појавува на поголеми собири. Се гледаме во куќата и се дружиме, сосема нормално – изјави неодамна Брена за „Стори“.

Како што тврди за српските медиуми, Стефан Живојиновиќ три години откако објави дека се пензионира е бизнисмен.

Лепа Брена пред извесно време истакна дека таа како мајка е задоволна бидејќи нејзиниот син е среќен и се нашол себеси.

-Стефан е среќен и задоволен, јас како родител сум пресреќна што се најде во нешто друго и следната година ќе и се претстави на јавноста, но важно е да го работи она што го сака – изјави музичката дива.

Најнови вести