четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец си заработи кривична пријава, неовластено тргувал со отпад

Скопјанец си заработи кривична пријава, неовластено тргувал со отпад

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против И.Т.(43) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад” по член 230 од Кривичниот законик.

На 05.10.2022, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал и инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина извршиле контрола во склад за собирање и складирање на разни видови на метален и други видови на отпад на ул.„Шарпланинска” во општина Ѓорче Петров.

Притоа, пријавениот бил затекнат како во моментот неовластено тргува со отпад без да е регистриран во Централен регистар како физичко лице или како трговец поединец и без да поседува Дозвола за вршење дејност за управување со отпад, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање, која е должен да ја поседува согласно член 64 од Законот за управување со отпад.