недела, 25. февруари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Марин Докузовски ја посети кошаркарската федерација

Марин Докузовски ја посети кошаркарската федерација

Легендарниот кошаркарски тренер Марин Докузовски, ја посети канцеларијата на Кошаркарската Федерација во Скопје. „Докторот“ ја предводеше македонската сениорска репрезентација до четвртото место на Евробаскет покрај аут-линијата, додека Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ, ја имаше капитенската улога.

Посетата на федерацијата, Докузовски ја искористи и да им ги честита Новогодишните и Божиќните празници на своите „ученици“ и да им посака многу успех во работата во годините кои следуваат.