четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мбапе доби прашање за провокациите на Мартинез покрај Меси во Аргентина

Мбапе доби прашање за провокациите на Мартинез покрај Меси во Аргентина

Килијан Мбапе вчера постигна гол во самиот финиш од натпреварот и така донесе победа на ПСЖ, а по натпреварот Мбапе доби прашање за случувањата на прославата на Аргентина.

Голманот на Аргентина неколку пати испраќаше провокации кон Мбапе, а можеше да се забележи дека Меси воопшто не реагира за да го заштити својот клупски соиграч. Поради тоа Аргентинецот добиваше и критики од јавноста.

„Тоа што се случуваше таму не е мој проблем, не сакам да трошам енергија на такви работи. Чекам Меси да се врати и да продолжиме заедно да славиме и постигнуваме голови.

Разговаравме и му честитав. Светската титула беше животна цел за него, беше и за мене, но во Катар јас не успеав. Најважно е да останете добар играч“, изјави Мбапе.