среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Халанд откри зошто не ги славеше головите против Лидс

Халанд откри зошто не ги славеше головите против Лидс

Ерлинг Халанд синоќа продолжи таму каде што застана пред Светското првенство, да ги тресе мрежите во Премиерлигата, му даде два гола на Лидс во победата на Манчестер Сити од 3-1.

Халанд не ги прослави головите, а по натпреварот објасни зошто. Тој е роден во тој град. Неговиот татко играше за Лидс кога тој се родил таму.

„Во план ми беше да не славам. Не чувствувам дека треба да славам. Роден сум во Лидс и имам почит кон клубот“, вели Халанд.

„Се разбира дека прославив само со Џек Грилиш и му реков одлично завршена работа поради неговите две фантастични асистенции“.

„Мајка ми и татко ми беа на стадионот. Тоа е посебно. Кога бев мал имав дрес од Лидс со Ерик Баке на грбот и дрес на Сити со името на татко ми“.