четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК ВО МАКЕДОНИЈА – еве какво време не очекува за Нова година, особено подгответе се за првите два дена во 2023 година!

ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК ВО МАКЕДОНИЈА – еве какво време не очекува за Нова година, особено подгответе се за првите два дена во 2023 година!

За време на новогодишната ноќ времето ќе биде претежно ведро и тивко, а по котлините ќе има појава на магла или ниска облачност. Минималната температура во сабота ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму посочуваат дека продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност со променлив интензитет и пониски дневни температури. Особено топло ќе биде на повисоките места за време на викендот и во почетокот на следната седмица.

Во недела, на првиот ден од новата 2023 година, минималната температура ќе се движи во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

На почетокот на следната седмица, како што велат од УХМР, времето ќе биде особено топло на повисоките места. На 2 јануари (понеделник) минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени.

Најнови вести