Кошаркарите на МЗТ Скопје несреќно загубија на гостувањето кај Цибона во меч со едно продолжение, домаќините славеа со 87-85, ова беше првиот меч на Аеордомци под водство на Николиќ.
МЗТ Скопје со плус осум ја почна последната четвртина, а во самиот финиш имаше плус пет 74-69. Но на 15 секунди до крајот Борна Капуста постигна тројка од десет метри и изедначи на 75-75. Македонскиот тим имаше напад за победа, но не го искористи, па се отиде во продолжение. Истиот играч на сличен начин го анулираше водството на МЗТ Скопје и во продолжението и најави победа на својот тим.
МЗТ предводен од новиот тренер Драган Николиќ беше многу блиску до третиот триумф сезонава во АБА, но немаше среќа во клучните моменти. Мајк Кафи со 19 и Страхиња Миќовиќ со 17 поени беа најпрецизни кај „металците“.
МЗТ Скопје во следното коло кое се игра следниот викенд му гостува на Партизан.