среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен криминалец баран со потерница

Приведен криминалец баран со потерница

Полициски службеници вчера во 16.30 часот во скопско Визбегово го лишиле од слобода З.Л.(28) од село Вражале баран за издржување затворска казна од една година.

За З.Л. била распишана централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје, за издржување казна за сторено кривично дело по чл.396 од КЗ на РСМ. Тој ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа, информира МВР.