петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Феникс еден месец без Девин Букер

Феникс еден месец без Девин Букер

Кошаркарот на Феникс, Девин Букер, ќе помине најмалку еден месец надвор од терените поради повреда на препоните, објавија американските медиуми.

Плејмејкерот на Санси веќе пропушти шест од последните девет натпревари поради повреди. Букер се обиде да се врати на натпреварот со Денвер, но по само три минути го напушти паркетот.

Според клубот, заздравувањето ќе трае најмалку четири недели, кога ќе има и ревалоризација на состојбата на НБА кошаркарите.

Американецот во просек постигнува 27 поени по натпревар оваа сезона. Букер зад себе има одлична сезона, а колку е опасен во нападот доволно говори податокот дека годинава на два натпревари постигна 50 поени.