Фудбалерот Енцо Фернандес кој пред две недели со Аргентина ја освои светската титула на Мундијалот во Катар, ќе биде нов играч на Челзи. Според повеќе извори, англискиот гигант се согласил да плати 127 милиони евра на Бенфика за потписот на Аргентинецот.
Со овој трансфер, Фернандес ќе биде фудбалерот со најскап трансфер во историјата на англискиот фудбал, надминувајќи го рекордот на Џек Грилиш за кого беа платени 117 милиони евра.