среда, 20. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Јунајтед објави распродажба, Роналдо е понижен

ФОТО: Јунајтед објави распродажба, Роналдо е понижен

По повод новогодишните празници, од Манчестер Јунајтед традиционално објавија попусти до 50 проценти на брендирани парчиња на облека, аксесоари и спортска опрема.

На нивниот онлјан шоп, дресот од минатата сезина сега е достапен за 20 фунти, но изненадува моментот дека маичките кои се брендирани со името на Кристијано Роналдо се на попуст од 75%.

Се чини дека од Јунајтед сакаат што поскоро да се ослободат од залихите поврзани со ветеранот кој на недоличен начин го нападна клубот преку интервјуто кај Морган, за потоа да му биде раскинат договорот.

Распродажбата на маичките на Роналдо за 4 фунти е уште една јасна порака од клубот од Олд Трафорд до Португалецот кој веќе си најде нов клуб во Саудиска Арабија.