петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведено лице од Беровско поради предизвикување пожар во возило

Приведено лице од Беровско поради предизвикување пожар во возило
фото илустрација

Полициски службеници од Полициската станица Берово денеска го лишиле од слобода Д.Г.(36) од беровското село Митрашинци.

Како што информираа од МВР, тој се сомничи дека на 04.01.2023 околу 22.00 часот во село Митрашинци предизвикал пожар во патничко моторно возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки, сопственост на Т.Н. од с.Калиманци, Виничко.

Д.Г. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.