Екипата на Челзи промовира ново име во дефанзивата. Клубот од „Стемфорд Бриџ“ се договори со Монако и го купи Бену Бадиашил.
Се работи за централен дефанзивец, кој од францускиот клуб се пресели во Лондон за сума од 38 милиони евра. 21-годишникот пристигна во Челзи и парафира максимален договор, на дури седум ипол години. Бадиашил се обврза на верност до јуни 2030 година.
Перспективниот стопер потекнува од младинската школа на Монако, од 2018 година е член на првиот тим.