недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

ОВА СЕ ТОЧНИТЕ ДАТУМИ НА РЕТРОГРАДЕН МЕРКУР ВО 2023: Еве колку пати ќе ни се замрсат конците и кога ќе биде НАЈЛОШО! МОРА да го направите ова

ОВА СЕ ТОЧНИТЕ ДАТУМИ НА РЕТРОГРАДЕН МЕРКУР ВО 2023: Еве колку пати ќе ни се замрсат конците и кога ќе биде НАЈЛОШО! МОРА да го направите ова

Годишниот хороскоп за 2023 година открива колку пати во следните 365 дена Меркур ќе се движи ретроградно и од што треба сите знаци да се чуваат.

Сите стравуваат од негативното влијание на ретроградниот Меркур, а што ве очекува во наредната година, кога ќе настапат овие неповолни аспекти, открила астрологот Ајла Кадвел!

Се прашувате кога е следниот ретрограден Меркур? Па, подготвени или не, еден од најстрашните астролошки настани повторно се подготвува да го преврти вашиот свет наопаку. А, кога Меркур ќе тргне ретроградно, многу нешта ќе се „изгубат во преводот“. Може да ви се случи да испратите порака до погрешна личност, да се скарате со саканата личност без добра причина или да платите многу пари за дефект што сте можеле да го спречите. Дознајте кога во 2023 година ќе се појави ретроградниот Меркур и како да спречите неговото негативно влијание.

Оваа година Меркур ќе ретроградира четири пати.

„Ретроградниот Меркур најмногу ќе биде во земјените знаци во 2023 година. Оваа година ќе биде прилика за сите, а особено за земјените знаци, да го забават темпото и да ги преиспитаат своите навики и планови.“

Јануари

Првиот ретрограден Меркур во годината ќе ви даде чувство „веќе видено“, а тоа е затоа што всушност започнува на 29 декември 2022 година.

Во првите неколку недели од годината, Меркур ќе оди ретроградно во знакот Јарец, што ќе трае до 18 јануари 2023 година. Кога Меркур ќе тргне ретроградно во овој знак, можете да очекувате големи ревизии, преиспитување на целите и очекувањата за новата година, како и на што посветувате најголем дел од вашето време и внимание.

„Додека годината ја започнуваме со ретроградниот Меркур во Јарец, можеби се чувствувате напнати и малку „изгорени““, вели Кадвел. „Ова е добро време да бидете реални за тоа какви очекувања имате од себе и од другите.“

Април

Вториот ретрограден Меркур оваа година се очекува да ги размрда работите кога ќе дојде пролетта. Од 21 април до 14 мај 2023 година, Меркур ќе се ретроградира во знакот на Бик, нагласувајќи ги сите работи кои се однесуваат на личните вредности и финансиите.

„Вашето чувство за стабилност ќе се стави на тест, што може да се манифестира преку финансиите, имотот или во вашите интимни односи“, објаснува Кадвел. „Можни се конфликти со другите поради различните сфаќања за животните ставови, а границите на толеранцијата ќе бидат на тест.

Добрата вест е што оваа ретроградност носи можност и за некои важни разговори. Иако темата за пари може да биде непријатна, тоа е можност да ја разгледате вашата моментална ситуација и да одлучите што не функционира. Исто така, е одлично време да се фокусирате на заштеда на пари.

„За да се подготвите за овој аспект, би било мудро да направите помал фонд за итни случаи. Бидете внимателни со импулсните купувања, бидејќи може да зажалите поради нив во иднина“, советува Кадвел.

Август

Ако се надевавте дека ќе поминете безгрижно лето, ќе се разочарате. Ќе дојде до големи прекини во комуникацијата и мали драми во текот на август кога Меркур ќе се движи ретроградно по третпат.

Меркур ќе ги измеша работите во Девица на 23 август и ќе остане таму до 15 септември 2023 година. Овој ретрограден Меркур ќе биде најпредизвикувачкиот во годината. Можете да ги очекувате сите класични симптоми типични за овој непријатен аспект во текот на ова време, особено проблемите во комуникацијата, со пропуштени рокови, неочекувани доцнења и општа непријатност.

„Во текот на оваа ретроградност, може да се чувствувате неорганизирано, како „мува без глава“. Меѓутоа, ќе имате шанса преку препреки да откриете некои нови, практични решенија. Девицата е практичен знак; тие ги гледаат проблемите и логично доаѓаат до решенија. Ова ќе ви даде шанса да пронајдете начини да се снајдете во хаосот“, објаснува Кадвел.

Декември

И конечно, токму навреме за да се прослави крајот на годината, последниот ретрограден Меркур во годината започнува во Јарец на 13 декември 2023 година и завршува во Стрелец на 1 јануари 2024 година. Кога ретроградниот Меркур ќе се појави околу сезоната на празниците, можете да очекувате некои проблеми во врска со плановите за патување и организирањето прослави.

„Стрелецот владее со патувањата, па затоа ретроградниот Меркур во овој знак нема да биде благонаклонет кон плановите за патување. Би било мудро да направите резервни планови во случај работите да тргнат наопаку“, предупредува Кадвел. Ова значи да направите копии од билети и резервации, два пати проверете ги датумите пред да резервирате летови и двапати размислете пред последен момент да направите промени во воспоставените планови.

Овој ретрограден Меркур исто така ќе потсети на темите од првиот овогодишен ретрограден Меркур, давајќи ви можност да размислите колку далеку сте стигнале и каде одите понатаму.