четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Полицијата на неколку локации во Македонија најде и одзема марихуана

Полицијата на неколку локации во Македонија најде и одзема марихуана

На 06.01.2023 во 22.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Д.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денеска (07.01.2023) во 03.40 часот пред угостителски објект во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода С.Б.(19) и И.Т.(21), двајцата од Битола, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и нож. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 06.01.2023 во 13.10 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода У.М.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 06.01.2023 во 15.55 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.П.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 06.01.2023 во 15.00 часот во Парк шума Гази Баба, од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денеска (07.01.2023) во 03.15 часот во с.Стар Балиндол, гостиварско, од полициски службеници од ОВР Гостивар бил лишен од слобода малолетник од с.Корито, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и метален боксирач. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.