петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Николиќ: Мораме најдобро што знаеме против фаворитот

Николиќ: Мораме најдобро што знаеме против фаворитот
in action during ABA league basketball match between Union Olimpija and Karpos Sokoli in Stozice Hall, Ljubljana, Slovenia on January 29, 2017

Екипата на Драган Николиќ против себе го има АБА шампионот, кој нема право за настап во Евролигата, но веќе дебитираше во регионалната лига.

„Сакам прво на сите да им ги честитам новогодишните и божиќните празници, со желба за среќа, здравје и благосостојба. Играме против најсилниот можен противник, најголемиот фаворит за титула во АБА лигата, кој има реални шанси за пласман во плеј-офот во Евролигата. Црвена Звезда има широк ростер, предводена е од одличен тренер, кој прави чуда дури и без многу играчи на кои не може да смета, за што потврда е триумфот во Валенсија каде што Црвена Звезда одржа час по кошарка. Против нас ќе биде посилна и за фантастичниот Kампацо, што секако им ја зголемува и така огромната фаворитска улога. Но, ова не значи дека МЗТ Скопје однапред ќе се предаде. Нашата цел останува опстанокот во АБА лигата, поради што на секој натпревар ќе го дадеме максимумот, без разлика на јачината на противникот. Се надевам дека навивачите и овој пат ќе дојдат во голем број и ќе ни ја дадат потребната помош од трибините, каде што очекувам спектакл. Имавме одредени проблеми во тимот изминатиот период, но сите ќе стиснат заби и ќе одиграат најдобро што можат, со цел да пробаме да му ги замрсиме сметките на големиот ривал од Белград“, смета Николиќ.