петок, 5. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Менди се повреди и итно замина на операција

Менди се повреди и итно замина на операција

Едуард Менди, голманот на премиерлигашот Челзи, мораше итно да замине на операција на прстот кој го повреди на тренинг. Клубот од Лондон не соопшти колку долго ќе отсуствува 30-годишниот Сенегалец.

Менди не игра ни минута за „сините“ откако се врати од Светското првенство во Катар, каде заработи повреда на рамото, а неговиот тим беше елиминиран во осминафиналето од Англија со 3-0.

Во трите натпревари од продолжението на Премиер лигата меѓу стативите седеше Кепа Аризабалага, кој претходно рамноправно делеше минутажа со Менди. И двајцата имаа по единаесет настапи пред паузата. Во тие три натпревари, Челзи го победи Борнмаут со 2-0, ремизираше со Нотингем 1-1 и загуби од Манчестер Сити со 0-1 и е само десетти во Премиер лигата со 25 бода од 17 натпревари.