сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ТОЛКУ ОД СОНЦЕТО – од утре пресврт во времето, особено вистинска зимска идила не очекува во овој ден од неделата!

ТОЛКУ ОД СОНЦЕТО – од утре пресврт во времето, особено вистинска зимска идила не очекува во овој ден од неделата!

Во попладневните часови во текот на утрешниот ден, најпрво во западните делови, а во текот на ноќта и во останатите делови на земјата се очекуваат врнежи од дожд, а на планините од снег. Од вторник, снегот ќе се прошири и во некои од пониските места.

Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

– Утре претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Попладне најпрво во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, каде што ќе се формира нова снежна покривка, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Наместа врнежите ќе бидат со пообилен карактер (над 20 л/м2), особено утре во текот на ноќта и во вторник претпладне.

Најнови вести