петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје парираше едно полувреме, Црвена звезда убедлива во „Јане Сандански“

МЗТ Скопје парираше едно полувреме, Црвена звезда убедлива во „Јане Сандански“

Нов пораз на МЗТ Скопје во АБА лигата, овојпат очекуван, македонскиот тим загуби убедливо со 80-57 од еден од најдобрите тимови во Европа, Црвена звезда, Кампацо беше незадржлив.

МЗТ Скопје се надигруваше со големиот противник во првите 20 минути, на одморот Црвена звезда замина со само три поени разлика, 36:33, но работите се променија во вториот дел.

Натпреварот беше решен во третата четвртина во која МЗТ Скопје успеа да постигне само осум поени, Црвена звезда реализираше 27 и создаде убедлива предност која ја одржа до самиот крај за конечна победа од 80-57.

Вер со 16 поени беше најдобар кај МЗТ Скопје, Војдан Стојановски постигна 13. Факундо Кампацо со 23 поени беше убедливо најдобриот кошаркар на мечот.