четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Новиот МНР на Кина по традиција ја избра Африка за прва посета во странство

Новиот МНР на Кина по традиција ја избра Африка за прва посета во странство

Новиот министер за надворешни работи на Кина, Чин Ганг денеска ја почнува седумдневната посета на Африка.

Според агенцијата Синхуа, Чин Ганг од денеска до 16 јануари ќе ги посети Етиопија, Габон, Ангола, Бенин, Египет, како и седиштето на Африканската унија и Лигата на арапските држави, соопшти денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.

Истакнувајќи дека ова е 33-та година по ред како Африка е дестинација на првата годишна посета во странство на кинескиот министер за надворешни работи, Ванг рече дека овогодишната посета има за цел да го продлабочи сеопфатното стратешко и кооперативно партнерство меѓу Кина и Африка и да ја промовира пријателската соработка меѓу Кина и Африка.