сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсенa скопјанка за лажно пријавување на поставени бомби во училишта во Скопје

Уапсенa скопјанка за лажно пријавување на поставени бомби во училишта во Скопје

На 12.01.2023 од полициски службеници приведена е А.К.(55) од Скопје, поради основано сомнение дека на 11.01.2023 од мобилен телефон се јавила телефонски во Управата за финансиско разузнавање во Скопје и лажно пријавила дека се поставени експлозивни направи во училишта во Скопје.

Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности и утврдено е дека пријавата е лажна, а А.К. (лице со здравствени проблеми) е пронајдена и приведена. Известен е Јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.