вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Црна Гора ја препоти Шпанија, Иран го реши Чиле

Црна Гора ја препоти Шпанија, Иран го реши Чиле

Ракометната репрезентација на Шпанија победнички го стартуваше Светското првенство во Полска и Шведсска. Црвената – фурија во првиот натпревар на мундијалот со многу мака ја совлада селекцијата на Црна Гора со 30:25.

Фернандез и Одриозола со по пет гола беа предводници на Шпанија, а за Црна Гора фантастичен настап имаше Бранко Вујовиќ со седум гола.

Домаќинот на шампионатот Шведска не се претстави во најдобро светло пред својата публика во Гетеборг, но сепак го совлада Бразил со 26:18 и со два бода ја отвори групата Ц. Готфридсон со шест гола и Сандел со три беа најрасположени во шведскиот тим, а за Бразил прв стрелец беше Родригеш со четири гола.

Исланд во дербито во групата Д беше поуспешен од Португалија, со 30:26. Во редовите на Исланд блеснаа Елисон со осум и Магнусон со седум гола, додека осум гола за Португалија постигна Портела.

Ракометарите на Чиле и Иран одиграа возбудлив натпревар во кој избраниците на Веселин Вујовиќ во луд финиш го совладаа Чиле со минимални 25:24.

Селекцијата на Унгарија со очекувана победа се претстави пред публиката во Кристенштад, откако со моќна игра во првото полувреме ја „скрши“ Јужна Кореја, со 35:21.