Машката сениорска репрезентација на Црна Гора следниот понеделник, за време на ЕХФ неделата, ќе ги започне подготовките за претстојното Европско првенство 2024.
Селекторот на Црна Гора, Владо Шола, за првата фаза од подготвителниот период повика 22 играчи, меѓу кои има двајца повратници и еден дебитант.
Во редовите на „лавовите“ се враќа кружниот напаѓач Немања Грбовиќ, кој имаше успешна рехабилитација по повредата, како и левиот бек Стеван Вујовиќ.
Дебитант на списокот кај Шола е средниот бек од босанскиот суперлигаш Леотар, Владимир Станковиќ. Искусниот ракометар повикот си го обезбеди откако покажа одлични партии на стартот во босанскиот шампионат и во Европскиот Куп.