четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Големиот талент на Борусија Дортмунд ги лажирал своите години?

Големиот талент на Борусија Дортмунд ги лажирал своите години?

Медиумите во Германија се сомневаат дека младиот талент на „милионерите“ е за четири години постар отколку што се претставува.

Се започнало уште летото минатата година кога посвоителот на Мукоко на еден новинар му испратил извод од книга на родените според кој фудбалерот има 22 години.

Минатата недела во текот на припремите на камерунската репрезентација до 17 години беше откриено дека дури 21 од 30 пријавени фудбалери немаат право за настап за тој тим затоа што се постари. Селекторот Жан Пјер Фиала брзо реагираше и го промени составот.

Но, проблемите не застанаа тука затоа што и помеѓу новите повикани фудбалери имаше уште 11 кои се престари за тој тим.

Инаку, не е првпат Мукоко да биде под сомневање дека си ги фалсификувал годините. Уште во 2017 година имаше вакви информации, но тогаш германската федерација излезе со потврда дека фудбалерот е роден 20. ноември 2004 година