На В.Р. (86) од Скопје со измама му се одземени 18.000 денари додека бил во комплексот клиники „Мајка Тереза”, соопшти МВР.
Измамата ја сторило засега непознато лице кое, откако дознало за што е дојден В.Р., му рекло дека ќе треба да направи снимка на Клиниката за радиологија и дека за тоа треба да му даде 4.000 денари. В.Р. ја немал бараната сума во себе, поради што заедно отишле до банкомат. Измамникот со картичката на В.Р. извадил одредена сума, ги зел парите и му ја вратил картичката на оштетениот. Откако се вратиле на Клиниката за радиологија му рекол на В.Р. да го чека, по што заминал и не се вратил.
В.Р. завчера извадил извештај од банка и забележал дека на 13 јули од кредитната картичка во два наврата се подигнати вкупно 18.000 денари, а случајот го пријавил вчера.
Се преземаат мерки за негово расчистување и пронаоѓање на сторителот.