четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Затвореник од Гостивар употребувал лажни документи додека го барале со потерница

Затвореник од Гостивар употребувал лажни документи додека го барале со потерница

На 16.01.2023 околу 20 часот во с.Идризово, скопско, од полициски службеници од СВР Скопје приведен е Ш.Ј.(45) од Гостивар, кој се барал со потерница поради бегство од Казнено-поправна установа Идризово, каде издржувал казна затвор.

Воедно при легитимирањето, пријавениот употребил лажни хрватски документи на име Л.Ј..

За случајот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен и соодветни поднесоци поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” казниво по чл.378 и кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, казниво од чл.380 од Кривичниот законик.