Директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија Марко Ѓуричќ изјави денеска дека Србија мора да биде свесна за последиците доколку не се постигне договор со Приштина, а тоа би било враќање на Србија и регионот во судири.
Тој вели дека Србија денес е соочена со дилемата дали сака да постигне догвоор или не, но мора да биде свесна за она што ќе се случи доколку не се случи договор.
– Доколку не постигнеме договор, бидете сосема сигурни дека работите нема да може да останат вакви какви шпто се. Во следните неколку години сосема е сигурно дека би ја вратиле нашата држава и регионот во некој вид судир. Нема да може да осигураме дека нашите деца нема да гинат, изјави Ѓуриќ за РТС.
Според него, во дијалогот со Приштина има „сериозно и тешко“ условување“.
На прашањето за евентуална поделба на Косово или размена на територии за столче во ОН, Ѓуриќ избегна одговор и рече дека што и да добие Србија ќе биде повеќе октолку што има денес.
МИА