четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Повредата на Кук не е сериозна

Повредата на Кук не е сериозна

Првичните прогнози за Кеадре Кук по прегледите во болница во Белград беа дека има скинат лигамент поради што би морал да отсуствува најмалку еден месец. Но, денешната детална проверка во Скопје покажа дека повредата не е толку сериозна.

Според најновите проценки тој ќе отсуствува две недели. Тоа значи дека по неколку дена би можел да почне со лесни тренинзи, поради што во клубот се надеваат дека ќе може да помогне веќе на гостувањето кај Студентски центар, закажано за 28 јануари во Подгорица.