понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Претседателот на Реал Мадрид најави нови засилувања во клубот

Претседателот на Реал Мадрид најави нови засилувања во клубот

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, најави дека клубот ќе биде засилен и наскоро ќе доведе нови играчи.

Реал се подготвува за новата сезона, која ќе ја започне во значително изменет состав без главната фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо и со новиот тренер Хулен Лопетеги.

– Свесни сме за високите очекувања кои се поставуваат пред Реал секоја сезона, истакна 71-годишниот претседател на клубот.

Реал за трансферот на Роналдо доби 112 милиони евра, а навивачите се интересираат како клубот ќе ги искористи овие средства.

– Имаме одличен тим, но сакаме да го засилиме и со нови играчи, истакна Перез без да наведе кои играчи ќе дојдат во клубот.

Во изминатиот период се појавија гласини дека во Реал Мадрид ќе дојдат Еден Азар, Нејмар, Килијан Мбапе и други фудбалери, но ниту еден од овие големи трансфери досега официјално не е потврден.