Талентираниот американски кошаркар Дариус Мајлс (21), кој игра на Универзитетот „Алабама“, е уапсен поради пукање во кое загина едно лице. Мајлс наводно учествувал во пукање во кое е убиен Џамеа Џон Харис (23) од Бирмингем. Со кошаркарот бил уапсен и Мајкл Лин Дејвис од Мериленд. Пукањето се случило во близина на Универзитетот, а талентираниот кошаркар е главен осомничен за убиството!
Бизарното е што Мајлс, на денот кога бил уапсен, дознал дека неговата сезона во Алабама е завршена поради сериозна повреда, па не е познато дали фрустрацијата поради тоа или нешто сосема друго влијаело да изврши страшно злосторство.
Полицијата одговорила на пукањето што се случило околу два часот по полноќ кога возачот го запрел автомобилот пред полицијата и побарал помош поради ранет пријател.
Било утврдено дека жртвата веќе го загубила животот и немало начин да се спаси. Благодарение на снимките од надзорните камери, полицијата лесно ги идентификувала напаѓачите.