четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Хаким Зијеш пред трансфер во Милан

Хаким Зијеш пред трансфер во Милан

Фудбалскиот репрезентативец на Мароко, Хаким Зијеш, официјално побарал од управата на клубот на Челси да му даде зелено светло за трансфер оваа зима, пренесуваат англиските медиуми.

Сега англиските медиуми тврдат дека Зијеш дефинитивно решил да си замине од Челси, а негова нова дестинација ќе биде Милан со кој се поврзуваше изминатава година.

„Росонерите“ веќе подолго време се во контакт со неговиот агент и моментално интензивно работат на позајмица со обврска да го купат играчот на крајот од сезоната.

Зијеш дојде во Челси од Ајакс за околу 40 милиони евра во летото 2020 година. Неговата сегашна вредност се проценува на 20 милиони евра.